Владата донесе измени-миленичињата ќе може да се шетаат за викенд од 20:00 до 20:30 часот

by fokus 17:05
17:05

На денешната сеница Владата донела одлука за измени на уредбата за ограничено движење за да им излезе во пресрет на луѓето кои имаат домашни миленичиња, па за викендите кога има воведено полициски час од 16 до 5 часот, оние кои имаат миленичиња, ќе може да ги шетаат од 20 до 20.30 часот.

-На денешната седница донесовме измени на уредбата за ограничено движење за да им се излезе во пресрет на домашните миленици – за време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање, соопшти техничкиот премиер на Твитер, Оливер Спасовски.

- Advertisements -

По мерките за забрана за движење кои ги донесе Владата за да се запре заразата од ширење на корона вирус, имаше огрмони реакции бидејќи граѓаните не можеа да ги шетаат ниту своите миленичиња.

Поврзани новости