Утре протестен марш за малиот Алмир

by fokus

Под мотото „За правда“ во Куманово ќе се одржи протестен марш во чест на четиригодишниот Алмир Алиу, кој почина откако намерно беше прегазен со автомобил.

Протестот започнува во 15 часот, а според најавите на невладината организација „Зени“, ќе се маршира по патиштата кои водат до судовите, општината и полициската станица.

Инаку, инцидентот кој го однесе животот на Алмир, започнал со кратка расправија во амбуланта во Куманово, каде тој требало да прими инекција. Неговите родители решиле да пуштат друг пациент да влезе пред нив, зашто процениле дека е поитен случај. Тоа не му се допаднало на некој друг што чекал на ред, по што влегол во расправија.

По кавгата, кумановецот со возило Мерцедес намерно удрил во двајца сопружници и нивното четиригодишно дете.

Поврзани новости