Намалени плати за судските службеници кои штрајкуваат

by fokus 20:25
20:25

На последната седница на судскиот буџетски совет донесена е одлука за намалување на платите на околу 2 000 административци. На седницата биле присутни сите претседатели на апелационите судови и претседателот на судскиот совет, јави Телма.

Она што не е јасно во одлуката на судскиот буџетски совет е до која институција вработените кои ќе добијат решение за помали плати ќе можат да се жалат, бидејќи според законските процедури за ваков спор би требало да биде надлежен Управниот суд, но и тој е дел од институциите кои гласале за кратење на платата.

Инаку, штрајкот на администрацијата трае веќе две месеци во сите судови во државата. Единствен кој не штрајкува е најголемиот Кривичниот суд во Скопје, а во останатте странките добиваат нови термини за судење.

Поврзани новости