И покрај апелите на семејствата, сепак ќе има протест за Алмир

by fokus

Невладината организација Зани (Глас) денска во Куманово ќе организира протестен марш поради убиството на намерното газење на четиригодишниот Алмир Алиу. И покрај тоа што инволвираните семејствата повикаа на случајот да не му се дава етички карактер, сепак протест ќе има.

Протестниот марш е под мотото „За правда“, а организаторите бараат целосно расветлување на случајот со малиот Алмир.

-Овој протест се одржува со намера да се крене гласот против сите оние кои се обидуваат да ја убијат нашата иднина, нешто што никогаш нема да го дозволиме. Секој кој извршил такво дело треба да бидат казнет со максимална казна, се вели во повикот за протестот.

Поврзани новости