454
Шарената револуција ги повика граѓаните на протест утре во 19 часот пред просториите на Специјалното јавно обвинителство.
“Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално. Нема да дозволиме! Не прифаќаме државата и граѓаните да тонат во долгови! Не ги признаваме долговите на расипниците ” наведуваат од Шарената револуција.