СДСМ: Кардиохиругијата не функционира!

by fokus 14:13
14:13

Како функционира Државниот Кардиохируршки центар?

СДСМ денеска на прес конференција обвини дека ништо од оствареното не е реализирано.

„Во моментов, истовремено на две различни клиники се работат исти процедури – на Клиниката за Торако-васкуларна хирургија и на Кардиохирургијата.

Ова е уникатен пример каде што во рамки на еден Центар се прават паралелни институции.

При тоа на клиниката за Торако-васкуларна хирургија се работи во многу полоши услови и се оперираат голем број пациенти.

Но, никој не знае од 2014 година до денеска колкав е бројот на извршени операции во Кардиохирушкиот центар.

Никола Тодоров треба да им одговори на граѓаните колку од ветуваните 500 годишно кардиохируршки интервенции се извршени, и колку од оперираните се операции на проширени вени?

Што всушност се оперира таму и дали нешто функционира?“ праша Ангелчо Андоновски, Комисија за здравство на СДСМ.

 

„Државниот кардиохируршки центар беше основан се со цел народот, граѓаните, да се оперираат и да немаат потреба да одат во другите држави и во скапите приватните болници.

Со тоа ќе се намалеа во голем обем трошоците кои беа потребни за извршување на овие зафати а со самото тоа и спас за здравствената државна каса.

За жал, Кардихиругијата не функционира како што би требало а тоа е на штета на граѓаните“ вели Андоновски.

 

Поврзани новости