Петиција: НЕ за еврообврзница!

by fokus 10:19
10:19

Се множат граѓанските иницијативи против издавањето на еврообврзница.

Страницата јавен долг.мк објави линк до граѓанска петиција “Не за еврообврзницата”, со која се повикуваат сите одговорни граѓани на Република Македонија, да се потпишат дека не ја признаваат еврообврзницата од 650 милиони евра

– Јас, одговорна граѓанка/одговорен граѓанин на Република Македонија, изјавувам дека не ја признавам еврообврзницата од 650 милиони евра која Владата сака да ја издаде и дека не сакам да го враќам тој долг во годините кои следуваат!, се вели во петицијата.

 

Во повикот за потпис на петицијата се наведува дека новото задолжувањето е можно да достигне милијарда евра за враќање.

Претходно и експерти но и политички партии укажаа дека издавањето еврообврзница ќе биде значаен удар за порастот на јавниот долг, а со тоа и за економијата.

Поврзани новости