Утре почнува првото рочиште за случајот поврзан со нарачаното насилство во Општина Центар, кој го отвори Специјалното јавно обвинителство. Во него, првоосомничени се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
Според СЈО првообвинетиот Груевски побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината.
Како што потврдува за 24 Вести адвокатот Никола Додевски, нема да побараат одложување на процесот откако стартот веќе еднаш беше презакажан на нивно барање.
Судијка останува Татјана Михајлова, која овој месец беше назначена за в.д претседател на Основниот суд, откако му заврши мандатот на Владимир Панчевски.