Пуштени во оптек банкноти од 200 и 2 000 денари

by fokus

Народна банка денеска пушти во оптег книжни пари во апоени од 200 и 2 000 денари, а ја повлече банкнотата од 5 000 денари.

-Книжните пари со апоенска вредност од 5.000 денари не се прифатени од пошироката јавност заради нивната висока номинална вредност, ограничена е застапеноста при вршењето на готовинските трансакции и размена, првенствено во трговијата. Нивната примена во секојдневните трансакции е незначителна – објаснија од банката.

Оние кои што имаат 5 000-ки, до крајот на февруари 2017 година ќе можат да ги заменат во деловните банки, а од 1 март замена ќе се врши во Народна банка.

Поврзани новости