Во ДИК свикан сведок на кој му бил украден гласот

by fokus 20:51
20:51

Во Државната изборна комисија свикана е да сведочи Фатиме Сулејмани, на која според партијата БЕСА, и бил злоупотребен идентитетот и во нејзино име гласал некој друг. Таа потврди дека кога дошла на своето гласачко место 0396/11 во Гостивар, не и било дозволено да гласа со образложение дека веќе гласала.

Сега ДИК го проверува избирачкиот материјал, за да го спореди нејзиниот потпис од личната карта со тој на таа Сулејмани што гласала во неделата.

- Advertisements -

Претходно ДИК ги отфрли останатите приговори од БЕСА, а за разгледување допрва остануваат приговорите на СДСМ. Крајниот рок на ДИК за одлучување за приговорите истекува на полноќ.

Поврзани новости