Утре нова рунда преговори Заев – Гаши

by fokus

Откако Алтернатива одлучи да им даде шанса на преговорите за влез во Владата, партискиот лидер Африм Гаши утре ќе има нова средба со премиерот Зоран Заев.

Се очекува на маса да биде поделба на ресорите. Од СДСМ денеска велат дека поделбата на ресорите ќе зависи од преговорите.

-Нормално е дека во разговорите кои се водат за владино коалицирање поделби на одредени ресори или како што го кажувате поделбата на моќта е апсолутно секако возможно за да се продолжи напредокот. Тоа е најважно, не се важни ресорите, не се важни само позициите, битно е да имаме една заедничка цел а тоа е евроатланскиот пат, менаџирање на економската, енергетската и здравствената криза, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Поврзани новости