13 патници со новиот сој слетаа во Холандија

by fokus

13 патници кои допатуваа од Јужна Африка во Холандија се позитивни на новиот сој на корона вирусот омикрон.

Вчера во Холандија беа тестирани патниците кои слетаа од Јужна Африка. 61 лице беше позитивно на корона вирус, а денеска излегоа резултатите кои покажаа дека 13 од нив се носители на новиот сој на вирусот.

Од денеска во Холандија на сила е делумен карантин, во услови на рекорден број случаи на заразени со корона вирус и загриженост за ширење на потенцијално позаразната нова варијанта омикрон.

Поврзани новости