Утре нова лидерска средба за излез од кризата

by Фокус

По десетчасовната средба во Стразбур помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев, утре во Скопје ќе се одржи нова лидерска средба. На неа треба да присуствуваат и лидерите на двете најголеми албански партии, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Заев останува на барањето за преодна влада, кое го гледа како единствено решение за излез од кризата, а Груевски вели дека нема да дозволи СДСМ да урне легитимно избрана влада. Уште не се знае кој ќе биде претставникот на Европската унија, односно кој ќе посредува меѓу македонските лидери.

Претходно, европратеникот и посредувач во преговорите, Ричард Ховит предупреди дека никој не е над законите, но доколку лидерот на опозицијата биде уапсен, тоа ќе биде удар врз демократијата.

-Никој не е над законите, но доколку лидерот на опозицијата биде затворен, нашата солидарност нема да биде само со него туку и со самата идеја на демократијата во државата, која со еден таков чекор, би била доведена под знак прашалник, рече Ховит.

Поврзани новости