Германски весник: Македонскиот премиер има поддршка од силна фамилијарна банда

by Фокус 18:05
18:05

Во македонскиот главен град со денови има протести против владата, но премиерот има поддршка од силна фамилијарна банда, пишува во анализата на германскиот весник „Ноје цирхер цајтунг“, која е насловена „Бунт против една фамилија гладна за моќ“.

Во анализата се опишува како Никола Груевски успеал во Македонија да создаде авторитарен систем.

- Advertisements -

-Груевски создаваше се‘ поавторитарен систем, скроен по негова мерка. Тој ја скрати слободата на медиумите, има влијание врз правосудството. Се‘ погломазниот систем на државна управа денес функционира како клиентелски систем кој ги храни верните приврзаници. Стотици милиони евра се потрошени за центарот на Скопје со помош на споменици и залепени фасади да се претвори во националистички парк, пишува во текстот.

Понатаму се вели дека Никола Груевски длабоко го поделил македонското општество и за едни тој е полубог, а за други – демонски диктатор.

-Груевски е внимателен човек. Тој им верува само на малкумина. Откако е на власт опкружен е со мал број луѓе од доверба, кој некои го нарекуваат ’фамилија’… Мијалков мораше да поднесе оставка пред две недели. Од својата функција мораше да се откаже и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која исто така припаѓа на тесниот круг луѓе околу Груевски. Но, само неколку денови потоа таа зрачеше на страната на премиерот на собирот на приврзаниците на владата. А, кога Груевски на покана на ЕУ-парламентарци отпатува во Стазбур на преговори со лидерот на опозицијата, во негова придружба беше Сашо Мијалков. Официјално како партиски кадар на ВМРО, но всушност како братучед, пишува во анализата на германскиот весник.

Поврзани новости