Утре ќе се одлучува како ќе продолжи олабавувањето на мерките

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека во текот на утрешната дискусија со Комисијата за заразни болести ќе се знае како ќе тече понатамошното олабавување на мерките.

„На утрешниот состанок ќе кажеме што сме одлучиле и за престојниот викенд, како и со која динамика ќе се движи понатамошното олабавување на мерките. Веќе кажавме дека од наредниот период ќе почнат со работа и угостителските објекти, но се тоа ќе го дефинираме утре и после ќе се разгледува на влада – додаде Филипче.

Поврзани новости