Тројца припадници на ЕБР позитивни на ковид 19

by Frosina Fakova

Тројца припадници на Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи, кои изминатата недела работно престојувале во Охрид се заразени со новиот ковид 19.

Оваа информација ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче и од Министерството за внатрешни работи.

Во одморалиштето на МВР во Охрид биле биле 18 полициски службеници, а по враќањето во Скопје, еден од нив имал симптоми на ковид 19, па поради тоа биле тестирани сите полицајци. Досега има резултати за седуммина, тројца се позитивни, а четворица негативни. Останатите 11 полицајци се во самоизолација и чекаат резултати.

-Резултатите се очекуваат во текот на денешниов или утрешниот ден. Во тек е епидемиолошка анализа кај сите 18 полициски службеници, велат од МВР за Фокус.

Досега имаше регистрирано 18 заразени од новиот вирус во МВР.

Поврзани новости