Дел од заболените се поради семејни собирања, тоа мора да се избегнува, тврди Филипче

by Fokus

Не се зема само вкупниот број на позитивни пациенти, постојат седум, осум фактори кои се земаат во предвид за да се донесе одлука за олабавување на мерките, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Тоа се повеќе фактори кои еволуираат и соогласно на тоа го направивме и планот за олабавување на мерките. Дел од заболените се поради семејни собирања. Значи, мора да се избегнуваат големи собири. Тоа останува на сила – додаде првиот човек во здравството.

Поврзани новости