681
Утре истекува рокот во кој граѓаните можат да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави.
„По истекот на законскиот рок на 1 јуни 2020 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишните даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани“, објаснуваат од Управата за јавни приходи.
Инаку, пријавата ги содржи сите приходи на лицето по сонов на редовни приливи односно плата или пензија и приходите од дополнителна дејност.