Усвоена иницијатива за намалување на комуналиите за индивидуално домување во Лисиче

by Fokus

Советот на Град Скопје вчера усвои иницијатива за намалување за 50% на комуналиите за изградба на објекти за индивидуално домување во Лисиче.

„Во текот на месец јуни, советот на Општина Аеродром донесе одлука за доставување иницијатива до Град Скопје за намалување на комуналиите која од страна на мнозинството членови на советот беше усвоена на вчерашната седница. Станува збор за одлука која ги опфаќа жителите кои живеат на улиците Ѓорѓи Капчев и Тодор Чангов, како и населените места Горно Лисиче и населба Лисиче“ соопштија од општината.

Оттаму апелираат до градоначалничката Арсовска во најкраток рок да ја спроведе изгласаната одлука.

„Истовремено изразуваме жалење што членовите на советот кои доаѓаат од редовите на политичката партија „Левица“ не дадоа поддршка за оваа иницијатива, што доволно говори за негрижата на оваа политичката партија за граѓаните на Аеродром и проблемите со кои тие се соочуваат“ посочуваат од Општината Аеродром.

Поврзани новости