489
Мнозинство од членовите на парламентарната комисија за уставни прашања ги поддржаа финалните верзии на предложените уставни амандмани, за кои пратениците ќе гласаат на пленарна седница на 20 јануари.
На комисиската седница единствено против беа претставниците од ДПА, кои сметаат дека тие не се приоритетни во ситуација на голема невработеност и сиромаштија.
Овие уставни измени предвидуваат дефинирање на бракот исклучиво како заедница на еден маж и на една жена, формирање на финансиски зони, воведување на институтот уставна жалба…
Опозицијата на чело со СДСМ, која го бојкотира Законодавниот дом, смета дека владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не смејат да предлагаат промена на Уставот без широк политички консензус.