Околу 150 амандмани за владините законски предлози во образованието

by Фокус

Околу 150 амандмани се поднесени кон владините законски предлози во образованието, за кои денеска треба да расправа матичната собраниска комисија за образование, наука и спорт.

Овие амандмани главно се однесуваат на Законот за високо образование и поднесени се од страна на пратеничката Солза Грчева, опозициската ДПА, како и владејачките Демократски сојуз и ДОМ.

Од Професорскскиот пленум и Студентскиот пленум не доставија ниту еден предлог, бидејќи од таму сметаат оти предлог-законските измени треба да се повлечат и да со утврдат по сеопфатна и инклузивна дебата.

Поврзани новости