Уставниот суд повторно бара мислење од Собранието за Законот за помилување

by Фокус

Уставниот суд на денешната седница го усвои решението за оспорување на измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, со што се отвора можност Судот да ги зголеми ингеренциите на Претседателот на државата и да може да помилува лица осудени за изборен криминал.

Решението за поведување на постапка ќе биде доставено до доносителот на Законот, односно до Собранието кое треба во одреден рок, најмногу до 30 дена, да даде свое мислење за постапката којашто ја поведе Уставниот суд.

Инаку, во следната фаза судијата известител, по добивањето мислење од парламентот, ќе поднесе предмет за кој со просто мнозинство уставните судии ќе треба да одлучат дали ќе го уважат, нема да го уважат или ќе го отфрлат предлогот за менување на правата што законски од 2009 година му се ускратени на шефот на државата.

Поврзани новости