Заев: Има фантомски гласачи и мора чист избирачки список

by Фокус

Веќе за сите е јасно колку фантомски гласачи има во Избирачкиот список. Граѓаните деновиве и практично се уверија во тоа откако е јавно објавен од ДИК актуелниот Избирачки список. Секојдневно реагираат за разни воочени неправилности и злоупотреби. Ова само потврдува дека клучно за фер и регуларен изборен процес потребен е чист и доверлив Избирачки список, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев на средбата со амбасадорот на Полска, Јацек Мултановски.

Во фокусот на разговорите била актуелната политичка ситуација во Македонија и условите што треба да се исполнат за фер и регуларни избори.

– Заедничка е оценката дека се неоходни фер избори, за Македонија да се врати на демократскиот европски пат од којшто застрани и дека мора да се исполнат договорените предуслови, велат од СДСМ. За фер предизборен и изборен процес е и регулација на медиумите коишто во најголем дел се под целосна контрола на власта. Се обидуваат со разни притисоци и измислици, се обидуваат да поттикнат меѓуетнички тензии. Тоа на актуелната власт повеќе не и поминува кај граѓаните – рекол Заев.

Поврзани новости