СДСМ: Уставниот суд пробува да го заштити изборниот криминал на Груевски

by Фокус

Покрај бројните реакции на јавноста, граѓаните, експерите, професорите по уставно право, партиските послушници на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд продолжуваат да ги туркаат партиски диригираните одлуки, реагира денеска СДСМ, откако Уставниот суд одлучи да побара по вторпат мислење за измени во Законот за помилување.

-Срамните одлуки на Устаниот суд, наместо да го штитат, го уриваат уставот и поттикнуваат кршење на законите, во обид да го заштитат изборниот криминал на Никола Груевски. Партиските послушници на Никола Груевски во Уставниот суд немаат морален ниту правен кредибилитет да одлучуваат непристрасно и законски за изборните измами. Поради партиска поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ, кај судиите во Уставен суд, Елена Гошева и Јован Јосифовски, постои конфликт на интереси и тие треба да поднесат оставки на функциите. Да имаа Елена Гошева и Јован Јосифовски морален, личен и професионален интегритет самите ќе поднесеа оставки или ќе се иземеа од одлучување, се вели во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека срамната одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од одговорност за изборниот криминал.

Поврзани новости