Уставниот суд не смее да биде пречка за избори на 5ти јуни за ДПМНЕ. Тогаш е единствена шанса да победат!

by lali

Вие сте спремени за избори, според бројките од терен 620 000 луѓе ќе излезат да гласаат и доброволно да ја одберат најдобрата и единствен опција во Македонија. Навистина, народот е спремен да гласа за вас. Народот одбра дела, народот ве одбра вас. Странските служби, СДСМ, СОРОС, мрачните сили, ЦИА, НАСА, УНЕСКО, УНИЦЕФ и НБА сакаат да ви го земат тоа. Не дозволувајте. 5ТИ ЈУНИ БЕШЕ И ЌЕ ОСТАНЕ БЕТОН! А плус и ГДОМ ја постигна целта и се избори за бетонот на 5ти јуни. ДПМНЕ ве молам не плукајте врз нашите бранители од ГДОМ, тие се жртвуваа за спас на 5ти јуни!

Груевски, сега е момент да удриш на масата и да речеш – ДОСТА Е! Одиме на избори без разлика на одлуката на уставен суд! Ти си наш татко на нацијата, чекаме од тебе!!!

ОДИМЕ!!

 

Напомена: Текстовите се сатирични и служат како пародија од моменталните збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.