Обоен Уставниот суд, претседателката Гошева се жали на притисок

by Фокус 09:46
09:46

Пред да започне расправата за иницијативата на ДУИ за испитување на уставноста на распуштањето на Парламентот која беше прифатена, зградата на Судот беше обоена од Шарената револуција. Под таблата на која стои името на институцијата, беше напишан графит „Протестирам“.

Претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, ова го оцени како притисок врз Судот и рече дека ваков притисот Судот никогаш нема доживеано.

- Advertising -

-Влезот на судот е атакуван. Ова укажува дека некој сака Судот да не работи. Овој суд нема никогаш доживеано ваков притисок. Уставниот суд ќе продолжи да работи и нема да се остварат намерите надвор од демократските начини на протест, изјави Гошева.

Инаку, Уставниот суд ја прифати иницијативата на ДУИ и донесе времена мерка за запирање на сите изборни дејствија кои произлегуваат од оспорената одлука за распуштање на Парламентот.