376
Уставниот суд на денешната седница ќе го разгледува Правилникот за начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на материјалот зе екстерно проверување, начинот на проверување на тестовите од страна на училишната комисија, како и формата и содржината на извештајот од екстерното проверување во средните училишта донесен од министерот за образование и наука на 22 април 2013 година. Иницијативата ја поднесе Наставничкиот пленум.
Иницијативата за преиспитување на шест членови од законот за средно образование, кои го регулираат сега укинатото екстерно тестирање, по две години ќе се најде на дневен ред пред уставните судии.
На први јуни Владата го укина екстерното теститарање за учениците.