Уставен закажа седница, нема да расправа за СЈО

by fokus 12:13
12:13

По пауза од два ипол месеци, Уставниот суд денеска на својата веб страница објави дека 29 септември ќе одржи седница. На дневниот ред не е иницијативата за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

Меѓу иницијативите што се на дневен ред е и „одлуката за давање согласност за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Бутел, донесена од Советот на Општина Бутел“, како и „решението за објавување на Одлука за давање согласност за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Бутел, донесено од градоначалникот на општината“. Станува збор за 55-метарскиот крст во Општина Бутел.

Таа иницијатива ја поднесе струшкиот градоначалник Зијадин Села, според кого, одлуката за поставување крст во Општина Бутел не била во согласност со Бадинтеровиот принцип.

Поврзани новости