Синоќа пукотници кај Градска болница

by fokus

Синоќа околу 23,35 часот во Скопје во близина на автобуската постојка пред Градска општа болница – Св.Наум Охридски, две непознати лица кои биле со моторцикл пукале од огнено оружје кон патничко возило „БМВ“ сопственост на А.И. од Скопје, а управувано од С.К. (18) од с.Бузалково – Велес.

Од МВР инфомираат дека изврешен од увид на местото и пронајдени се три чаури и оштетено е искршено стаклото од автобуската постојка.

При пукотниците немало повредени, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Поврзани новости