521
Уставниот суд во среда ќе одлучува дали екстерното тестирање е уставно и тоа ќе се најде како прва точка на седницата.
Екстерното тестирање во основните и средните училишта неодамна беше укинато од новата влада како една од нејзините први мерки кои ги спроведе по преземањето на власта.
Интересно е што иницијативата за оценување на уставноста на екстерното и за преиспитување на членови од Законот за високо образование, ќе се најде пред уставните судии по четири години откако беше поднесена, сега откако веќе е укинато.