ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја гледа државата како приватна партиска сопственост

by Fokus 16:26
16:26

Ова што го видовме е ни помалку, ни повеќе пратеник на Социјалдемократскиот сојуз. Ова што го видовме е скандал и газење на сите закони на Република Македонија. Доколку постоеше било каква дилема околу начинот на кој што СДС сака да владее сега веќе нема, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС ја гледа државата како приватна партиска сопственост во која што нивната членска книшка ќе ја има тежината на втора лична карта. Политиката што ја промовира пратеникот на СДС е газење на сите институции. Срамно и недозволиво е во болниците да се даваат привилегии на тие што имаат членски книшки на СДС наместо на пациентите кои навистина имаат најголема потреба од медицинска грижа – истакна Дарко Костовски.

 

Поврзани новости