Успех на македонските актери на француски фестивал со текстот на Мимоза Ристова

by Фокус 18:15
18:15

Големи аплаузи го проследија настапот на екипата од Македонија на Фестивалот Еуротопик (Les Eurotopiques)  во францускиот град Туркуан на 13-ти мај.  Театарски уметници се претставија со развиена форма на драмско читање на текстот „Блескавата љубов на Марија Склодовска Кири„ од професорката на Прородно-математичкиот факултет, Мимоза Ристова, која во моментов е Фулбрајтов визитинг професор/истражувач на Лоренс Беркли Националната Лабораторија во Беркли САД.

Овогодинешната тема на фестивалот е токму страста, со која изобилува драмскиот текст на Ристова. Инаку, тесктот е драматауршки оформен од професорот Наум Пановски, уметички директор на Поезис Театарот од Њујорк (Poiesis Theater Project).

- Advertising -

Инаку “Блескавата љубов на Марија С.К”, e повеќеслојна  комлексна сторија за најпознатата жена во светотот на науката, Марија Склодовска Кири. Нитките на страстта кон науката, љубовта и борбата со севозможни видови на дискриминација внимателно се ткаени во секој од чекорите во оваа интензивна човечка драма.

Eurotopiques-trite

Текстот на фестивалот го претстави уметничката екипа: Нина Николиќ – режисер, Драгана Лукан Николоски – драматург, Амернис Нокшиќи – актерка и Висар Вишка – актер. Со снимени тонски материјали од своите гласови учествуваа и актерите Петре Арсовски и Нина Деан.

“The Radiant Love of Maria S.C.” од Мимоза Ристова е во друштво на десетте селектирани драми од околу сто пријавени, а воедно е и единствен проект од земја која не е членка на европската унија.

Инаку, поддршка за реализацијата на овој проект не беше побрана од МОН на РМ.  Продукцијата на читањето и настапот на екипата од РМ беше поддржан единствено со средствата од проектот Еуротопик, т.е. од Европската Комисија.

Поврзани новости