МАНС: Масовна предизборна продажба на лични карти во Црна Гора!

by Фокус 16:09
16:09

Масовно купување на лични карти во Црна Гора се случува пред претстојните локални избори во Црна Гора, што претставува најголема закана за владеењето на законите во државата и е показател за политичка инструментализација на полицијата и на обвинителството, обелодени Мрежата за афирмација на невладиниот сектор (МАНС).

МАНС презентира и аудио снимка на која се слуша разговор меѓу две лица од кое едното буквално го продава својот идентитет и личната карта за 90 евра.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

„Најновата снимка ги потврдува нашите сомнежи дека моментално во Подгорица се случува организирано купување лични карти и дека во тој бизнис се вклучени многу лица, секое од нив со своја јасно дефинирана улога во комплетната шема со однапред доделени задачи. Сето тоа упатува на сомнежот дека освен официјалните учесници во изборниот процес, на дело имаме и добро организирана криминална група која пред локалните избори во Подгорица сака на незаконски начин да влијае на слободната волја на граѓаните“, се вели во соопштението на МАНС.

За сето ова, МАНС ја упатува одговорноста кон полицијата и кон обвинителството, институции кои ги смета за целосно пасивни кога станува збор за најтешките кривични дела од областа на слободата на изборот и определувањето. Обвинителството останало глуво и на аферата „Снимак“, која го обелодени начинот на поткупување гласачи.

„Сметаме дека е недозволиво две недели пред локалните избори медиумите да се полнат со примери за неказнето откупување лични карти, а обвинителството ништо конкретно не презема, па сето ова отвора голем сомнеж околу законитоста на целиот изборен процес“, стои во соопштението.

МАНС веќе објави дека во избирачкиот список на Црна Гора има повеќе од шест илјади лица, кои се починати а се водат како гласачи.

 

Поврзани новости