УСПЕХ НА GSE: НОВАТА OPEL MOKKA GSE ЈА ОСВОИ НАГРАДАТА „ЗЛАТЕН УПРАВУВАЧ 2025“

by irena 12:26
12:26

• „Најдобар мал автомобил“: најбрзиот целосно електричен автомобил од Opel ја освои наградата
• Задоволство при возење со електрична батерија: Mokka GSE го носи чувството од рели на патот
• Сериски успех: до денес, 22 „автомобилски Оскари“за брендот Blitz

Вредности (комбинирано) за Opel Mokka GSE според WLTP: потрошувачка на енергија 18.5 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака l: A

Емоции: брзина и електрични емоции пр ивозење без емисии, а новата Opel Mokka GSE го претставува сето ова. Ова е признаено со најновата награда за брзиот електричен автомобил на Opel, кој веќе е достапен за нарачка: Mokka GSE ја освои наградата „Златен управувач 2025“ како „Најдобар мал автомобил“ во бројните моќни конкуренти. Најбрзиот целосно електричен сериски модел на Opel, кој ја прослави својата светска премиера на овогодинешниот IAA Mobility во Минхен, го разбуди ентузијазмот кај експертите и јавноста.

„Нашата нова Mokka GSE го носи знаењето на Opel за мото спортот на патот. Целосно електричен, практичен и многу емотивен во секој поглед. Исклучително сме задоволни што читателите и стручното жири на AUTO BILD и BILD am SONNTAG го гледаат на ист начин и ја наградија Mokka GSE со „Златенуправувач“, изјави извршниот директор на Opel, Florian Huettl.

„Ова е задоволство при возењето што може да се полни! Со своите рели гени, Opel Mokka GSE ја оживува ерата на hot hatches возилата. На пат е директна, искрена, инспиративна, како и на тркачката патека“,резимираше Robin Hornig, главен уредник на AUTO BILD.

Opel Mokka GSE, на тој начин, доаѓа веднаш по минатогодишниот победник Opel Grandland. Откако читателите на AUTO BILD и BILD am SONNTAG го изгласаа рели спортскиот автомобил за влез во финалето, Mokka GSE се соочи со тешки тестови строга оценка од страна на жирито составено од експерти за наградата „Златен управувач“ на DEKRA Lausitzring. И најновата генерација помина со одлични резултати. Професионалци за мото спортот, експертите за автомобили и познатите личности ја прогласија Mokka GSE за „Најдобар мал автомобил 2025“. Во возбудливото финале, тие ѝ доделија на Mokka GSE вкупно 3.345 поени. Така, таа лесно ги победи своите главни конкуренти со 374 и 432 поени.

Целосна електрична моќност: 207 kW (281 КС) и технологија GSE Motorsport за пат

Факторите за успех се бројни: Opel Mokka GSE овозможува високи перформанси како стандард. Со максимална моќност од 207 kW (281 КС), таа е исто толку моќна како и нејзиниот пандан од мото спортот, Mokka GSE Rally. Со моменталниот вртеж ен момент од 345 Nm, забрзува исто толку бескомпромисно, од 0 до 100 km/h за само 5,9 секунди, и со максимална брзина до 200 km, тоа е најбрзиот целосно електричен сериски Opel. Софистицираната технологија, која исто така беше инспирирана од рели автомобилот, придонесува за исклучителните перформанси. Благодарение на батеријата од 54 kWh, до 336 километри (WLTP) може да се поминат без емисии пред Mokka GSE да треба да се наполни.

Дополнително, постојат бројни детали за дизајнот и опремата кои пренесуваат чисти емоции. Тие вклучуваат специфични GSE елементи и натписи на каросеријата, комбинација тркала-пневматици специјално развиена за Mokka GSE и јасно видливи, жолти сопирачки GSE со четири шепи напред. Во внатрешноста, возачот и совозачот седат на специјални Alcantara седишта со интегрирани потпирачи за глава дизајнирани во изгледот на GSE. Новоразвиениот систем за управувањеза Mokka GSE, заедно со управувачот кој е израмнет на горниот и долниот дел, ветуваат директна повратна информација. Командите за забрзување и сопирање се даваат преку алуминиумски спортски педали.


Технологиите како што се адаптивното Intelli-Lux Matrix светло без отсјај и панорамската 180о камера за возење наназад се стандардни, што го прави патувањето попријатно и побезбедно.

Слични вести