Уште шест починати од Ковид 19, вкупно 368

by Fokus

Починати се 6 лица од Ковид 19, од кои четири пациенти од Скопје и два од Гостивар, информираа од министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7777,  бројката на оздравени пациенти е 3960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3449.

Поврзани новости