Уште пет смртни случаи од корона вирус во Грција

by Fokus

Бројот на жртви од корона вирусот во Грција се зголеми на 98 лица, откако во изминатите 24 часа беа потврдени уште пет смртни случаи, додека пак регистрирани се уште 33 нови заразени со Ковид-19 со што од почетокот на епидемијата, позитивни се 2.114 лица.

Претставникот за корона вирусот во Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас попладнево соопшти дека од потврдените случаи во земјата, 542 (25.6 отсто) се поврзани со патувања во странство, 819 (38.7 проценти) се контакти на веќе потврден случај, а 56.9 отсто од заразените се мажи.

Во однос на жртвите, од 98-те лица што починаа, 72 се мажи, а 26 жени на просечна возраст од 72 години. Од нив 88.8 отсто имале некој здравствен проблем и/или биле на возраст од над 70 години.

Приклучени на апарати се 76 лица. Досега, во Грција се анализирани 42.261 примероци.

Поврзани новости