Османи: Армијата ќе им помага на oпштините во спроведувањето на мерките против корона вирусот

by Fokus

Армијата ќе им помага на општинските штабови во спроведувањето на мерките против корона вирусот. Таа ќе биде ангажирана за одржување на редот, за дезинфекција и за дистрибуција на храна и лекови.

Ова денеска го соопшти вицепремиерот и шеф на Централниот кризен штаб, Бујар Османи.

LAJM I FUNDITPas Koordinimit me Ministrinë e mbrojtjes, kam njoftuar sot kryetarët e komunave se që nga nesër i kanë…

Publiée par Bujar Osmani sur Dimanche 12 avril 2020

„Денеска ги известив градоначалниците дека од утре ги имаат на располагање и услугите на армијата за цивилни потреби на општинските штабови во борбата против пандемијата. Пример , при дистрибуција на производи, дезинфекција, одржување ред или какви било други барања од штабовите. Во име на општинските штабови како координатор на истите им се заблагодарувам на Министерството за одбрана и Армијата, кои сега ја проширија својата асистенција покрај за полицијата сега и на општинските штабови“, напиша тој на својот фејсбук-профил.

Поврзани новости