Уште нема договор за претседател на Комисијата за избори и именувања

by fokus

Во моментов има пауза на координативната средба на политичките партии и се уште нема поместување во ставовите за избор на претседател на Комисијата за избори и именувања.

Средбата денеска почна во 12 часот и по два часа разговори, партиите не успеаја да ја поминат првата пречка, односно од која партија ќе биде претседателот на Комисијата. Средбата ќе продолжи во 15 часот, а освен за претседател, партиите треба да се договрат и за продолжување на координативната седница на Собранието.

Партиите вчера се договорија во Комисијата за избори и именувања ВМРО-ДПМНЕ да има шест члена, СДСМ пет, а ДУИ и Беса да бидат застапени со по еден член.

Поврзани новости