(ВИДЕО) Заев: СДСМ е пример за тоа како законски се организира кампања

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска дојде во Основното јавно обвинителство за неговата одбрана да изврши увид во доказите кои ги има Обвинителството за предметот за финансирање на партијата во изборната кампања.

Заев пред увидот, изјави дека неговата партија е пример како една политичка партија треба да организира кампања.

-СДСМ е политичка партија којашто важи за пример за сите други политички партии за организирање кампања, се работи за кампањата 2016 година, за изборите коишто се одржаа на 11 декември, апсолутно нема ништо што претставува некаков проблем или каква било резерва од наша страна. Но, што и да е, денеска, од увидот во доказите ќе видиме за што се сомничиме, јас, партијата и лицето вработено во СДСМ, рече Заев.

 

Поврзани новости