Уште една сеча на дрвја во центарот на Скопје

by Фокус

Невладината „Цивил“ на својата Фејсбук страница објави дека само што завршила уште една сеча на дрвја во строгиот центар на Скопје.

Станува збор за паркот на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, спроти зградата на некогашна НИП Нова Македонија, каде што се наоѓаат неколку државни и владини институции и министерства.

„Нашата колешка ги забележа последните убиствени потези на дрвосечачите. Под чија надлежност е овој дел од центарот? Кој дал дозвола за уште едно дивеење и уништување на зеленилото во градот? Кој ќе сноси одговорност? Кога?“, прашуваат од Цивил.

Од Цивил ни изјавила дека бараат итно изјаснување на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, кој од нив наредил да се спроведе овој вандалски чин.

Поврзани новости