Уште една пресуда за поранешен советник на ДПМНЕ за насилството во Центар

by Fokus

Кривичниот суд-Скопје денеска треба да ја донесе пресудата за петообвинетиот во предметот на СЈО „Насилство во Центар“ Јордан Ристевски, кој вчера на рочиште самоиницијативно призна вина.

Поранешниот советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, Јордан Ристески, пред судот рече дека ја признава вината без закани, притисоци и уцени, за неговото учество во насилните протести во оваа Општина.

„Ветувам дека веќе нема да го сторам делото“, рече тој во обраќањето пред судот.

Тој е втор обвинет во овој предмет, кој ја признава вината, откако истото го стори и советникот Томислав Лазаров, кој доби условна казна од шест месеци.

Поврзани новости