Уште една недела до крајот, пријавени само 4.391 од спорните гласачи

by fokus

До крајот на рокот за пријавување на спорните гласачи има уште седум дена, а досега само 4.391 од нив се пријавиле во Државната изборна комисија.

Рокот за пријавување на вкупно 39 502 спорни гласачи истекува на 19 август, а сите оние кои нема да се пријават нема да имаат право да гласаат.

Најмногу пријави се поднесени во Чаир, односно 583, потоа во Тетово 299, во Општина Сарај 263, во Куманово 235, во Аеродром 228.

Поврзани новости