575
По земјотресот кој се случи утринава во 9 часот, уште еден земјотрес го стресе Охрид во 11.29 часот. Земјотресот бил 4 степени по европската макросеизмичка скала, а епицентарот бил на 8 километри источно од Охрид на длабочина од 3 километри.
По земјотресот граѓаните ги напуштаа своите домови и чекаа надвор, а делови од градот останаа без струју, најверојатно поради вклучување на системот за автоматска заштита.