Почина жената која вчера беше застрелана од својот сопруг, кој си го уби и внукот

by fokus

Жената која вчера ја застрела нејзиниот сопруг во Бутел утринава починала на Ургентниот центар во Скопје.

Околу 12.40 часот во саботата на улицата Хо Ши Мин, во Бутел 1, П.Т. (1933) со пиштол пукал во неговата сопруга П.Т., во неговата ќерка Л.С. (1959) и во внукот Т.С. (1985). На самото место починал внукот, а П.Т. извршил самоубиство.

Со возило на Итна помош во Ургентниот центар во Скопје се префрлени сопругата и ќерката. Утрово починала и П.Т. додека Л.С и натаму се наоѓа во животна опасност.

Поврзани новости