Претходната Влада им потпишала на Кинезите дека презема одговорност за сите пропусти!

by fokus

Со параф од двајца поранешни министри Кинезите бараат од Владата анекс на договорот за Штип-Миладиновци, дознава Дојче веле. Изградбата на оваа делница ќе проголта екстра милиони и ќе доцни најмалку една година!

Пропустите со автопатите стануваат се` поочигледни, а штетите се` поконкретни! Надзорот детектираше серија грешки и големи пропусти кои драматично ќе ја поскапат цената на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип. Но на изненадувањата им нема крај. Како што дознава Дојче веле, во владата сега се соочиле и со барање од кинеските изведувачи за продолжување на рокот за изградба на делницата Миладиновци-Штип.

Од „Синохидро“ барале уште една година за работа на терен, но и дополнителни пари за покривање на пропустите за кои од поранешната влада добиле потпис дека вината не е кај нив:

„Од она што досега го утврдивме е дека поранешната Влада им потпишала на кинеските изведувачи дека презема одговорност за сите пропусти. Тоа практично значи дека ние како држава сега ја преземаме одговорноста за доцнењето и направените пропусти. Станува збор за технички детали и тоа на повеќе позиции. Парафот го ставиле поранешниот вицепремиер за економски прашања, министерот за транспорт и врски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта. Допрва анализираме како ќе постапиме“, открива за Дојче веле висок владин претставник.

Поврзани новости