Уште еден новинар свирепо убиен во Мексико

by fokus

Мексиканскиот новинар Телесфоро Сантијаго Енрикес убиен е во јужниот дел на земјата. Тој е четврти убиен новинар во Мексико од почетокот на годината.

Енрикес е убиен вчера додека патувал кон радиото Кафетал (El Cafetal), чиј основач беше тој. Неговото семејство соопшти дека Енрикес е убиен од огнено оружје, му било пукано во глава и во срце.

Енрикес во својата емисија често ја критикувал мексиканската Влада, а неодамна јавно ги осуди локалните власти за финансиски малверзации.

Во Мексико во јануари е убиен Рафаел Муруа директор на една локална радио станица, во февруари елиминиран е радио новинарот Хесус Рамос Родригес, а во март е убиен Сантиојаго Барозо, новинар на локален  онлајн неделник.

Според Репортери без граници, Мексико по слободата на медиумите е на 147 место од вкупно 180 земји.

Мексико е една од најопасните земји за новинарите покрај Авганистан, Сирија и Јемен. Минатата година убиени се 10 новинари.

Поврзани новости