555
Покрај инцидентот во населбата Ново Лисиче, каде расно куче нападна и повреди неколку лица, полицијата регистрирала уште еден напад од страна на куче во Скопје.
Во текот на вчерашниот ден, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Р.А. (43) пријавил дека околу 14,30 часот на ул.“Перо Наков“ неговата сопруга З.Р.(36) и нивниот шестгодишен син биле нападнати од страна на куче-скитник.
Притоа, детето било каснато во пределот на левата рака и му биле нанесени видливи повреди, а З.Р. се здобила со повреди на левата нога.
Затоа, полициската станица Гази Баба ја известила шинтерската служба на Град Скопје, која излегла на местото на настанот, го фатила кучето и го однела во Центарот за заштита на кучиња-скитници “Вардариште“.