Заев: Никој нема да биде изземен од одговорност за корупција

by Фокус

Корупцијата е корозија на секое општество и закана за иднината и за квалитетот на живот на сите граѓани, за владеењето на правото, за економскиот и за севкупниот развој на нашата Македонија, изјави премиерот Зоран Заев по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

-Затоа, мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата. Ве охрабрувам и вас, активно да се вклучите во oваа заедничка борба, преку пријавување на корупцијата и без страв од последици. Со ова јасно укажувам дека никој нема да биде изземен од одговорност – вели Заев.

Поврзани новости