72
Нов кандидат од денеска започна да собира потписи за кандидатура за претседател.
Гоце Ристов вчера до ДИК ја доставил својата иницијатива.
„Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, од страна на Гоце Ристов“, информираат од ДИК.
Во трката за „Вила Водно“ веќе влегоа седум кандидати. Прв до 10.000 потписи стигна Бујар Османи по што следеше Таравари, Димитриевски, Ванковска, Јакимовски, Силјановска и Пендаровски.
Собирањето на потписи трае до 8-ми март.