Лавров: Западот се обидува да ја преземе контролата врз Молдавија како што направи со Украина

by Fokus

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека Западот се обидува да ја преземе контролата врз Молдавија, „како што направи со Украина“.

– Од самиот почеток на постсоветската ера, Западот почна да се меша во односите меѓу Русија и нејзините соседи. Западот сè уште ја води истата политика. Ова е видливо и во Централна Азија, во Закавказ. Тоа е видливо и во европскиот дел на поранешниот Советски Сојуз – Украина и Молдавија, кои отворено се подготвуваат да станат наследник на Украина од гледна точка на преземање на целото нејзино раководство – изјави Лавров на новинарите, пренесува РИА.

Конгресот на непризнаената Придњестровска Молдавска Република минатата недела усвои резолуција со која побара помош од Русија поради, како што вели, невидени економски, социјални, хуманитарни и воено-политички предизвици и закани.

Односите меѓу Москва и Кишињев се влошија откако прозападната политичарка Маја Санду стана претседател на Молдавија кон крајот на 2020 година. Минатата година Санду ја претстави Националната безбедносна стратегија која, меѓу другото, го прогласи партнерството со САД за клучен аспект на националната безбедност.

Од друга страна, Кремљ оваа стратегија ја смета за најголема закана.

Поврзани новости